вто. Сеп 29th, 2020

ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Актерот и поранешен директор на „Драмски театар“, Сашо Тасевски со ФБ статус

1 мин читање

Баталете честитки за независност. Ова не е онаа Македонија од 1944 до 2001.Денес тоа е губернија под меѓународна управа, со власт која внимателно се одбира од Вашингтон и Брисел.И најмалку му припаѓа на нејзиниот државотворен народ Македонците. Ете имате претседател кој не може да го изговори дури и нејзиното насилно наметнато име Северна Македонија, па облеан во пот од нелагодност, вели: Нашата Земја. Имате министерка за одбрана која го прави истото. Само таа не се ни препотува. И ред други од власта.Македонија стана забранета именка. Самоцензурирана од оние кои би требало сами да се етикетираат како Македонци, ама помило им е да се претстават само како граѓани.Македонците конечно го загубија својот дом кој со години им беше под хипотека кај меѓународните политички шпекуланти. Баталете честитки за независност. Тие создаваат само чувство на горчина, немоќ и прелажаност кај секој што ги чита. Особено кај оние кои беа на плоштадот онаа ноќ на 8 септември во 1991-та