Албанка со забрана за влез во Македонија, приведена на „Табановце“

На 18.03.2019 во 23.00 часот на Граничниот премин „Табановце“, при проверка на лицето Л.А.(22) од Република Албанија, било констатирано дека се наоѓала на листата  со мерка „забрана за влез’’ до 09.09.2020.

Таа била приведена и предадена на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.