Ангеловска денеска го презеде управувањето со Министерството за финансии

Новата министерка за финансии, Нина Ангеловска денеска го презема управувањето со Министерството за финансии. Таа оствари средба со заменик министерката за финансии Ширет Елези и државниот секретар Јулијана Петановска, на која се дискутирани тековните активности на Министерството за финансии.

Ангеловска на позицијата министер за финансии доаѓа од приватниот сектор. Таа е основач на „Групер“ – компанија за е-трговија. Ангеловска докторирала менаџмент на Економскиот факултет во Скопје.