пет. Јун 5th, 2020

Се е трач но има и вистина

Божиновски: ВМРО-ДПМНЕ со аргументи и исправно тврдеше дека договорот од Преспа не е добар

1 мин читање

ВМРО-ДПМНЕ, иако не беше вклучена во целиот процес за договорот, велеше со право дека договорот не е добар, но за жал веќе имаме договор. ВМРО-ДПМНЕ со аргументи исправно тврдеше дека можеби можеше да се постигне подобар договор, образложи Владимир Божиновски во дебатната емисија „Само вистина“.

-Но, за жал, се постигна договор, сите велиме дека договорот е лош, полош отколку што се очекуваше дека ќе биде. Но во моментот договорот е тој. Меѓународната заедница не навлегува каков е договорот за нив, т.е тие сметаат штом има договор после три децении тоа е добра работа за Македонија и Грција. Истата поддршка што ја имаме сега ќе ја имавме и ако не стоеше онаа обврска дека мора новото име да биде вклучено и во внатрешните односи. Секаков договор меѓународната заедница ќе прифатеше, затоа што тие на некој начин сакаат да ја вклучат повторно Македонија која што неправедно, а тоа го знаат сите е исклучена од евроатлантските процеси заради ветото на Грција, појасни Божиновски.

Божиновски во текот на емисијата потсети дека ВМРО-ДПМНЕ не е антизападна партија, туку таа беше првата партија која што повика да се приклучиме кон ЕУ и НАТО.