пон. Авг 10th, 2020

ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Британската амбасадорка до Мерко: Да се зачува статусот под УНЕСКО

1 мин читање

Амбасадорката на Велика Британија во земјава, Рејчел Галовеј, на средба со струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко, денес побара Струга да се заложи регионот околу Охридското езеро да го зачува статусот кој го има под УНЕСКО. Но, Мерко ја убедуваше дека во Струга немало дивоградби, туку нив ги имало во Охрид, пишува Алсат.

„Откако дојдов во земјава, сите се многу горди на природните убавини кои ги има реката Дрим, Струга, Охрид и статусот под УНЕСКО. Особено е многу важно да се почитува статусот под УНЕСКО и да се заштити истиот…“, изјави Рејчел Галовеј- амбасадор на Велика Британијa.

„…Немаме проблем со УНЕСКО. Охрид сам кажа дека има дивоградби и оти ги има во голем број. Тие сами нека се справат, не треба да ја напаѓаат Струга за да си го исчистат својот двор“, рече градоначалникот Мерко.