пон. Мар 30th, 2020

Се е трач но има и вистина

Вдовицата на раперот Гру првпат во јавноста по неговата смрт- во црнина, но со насмевка на лицето

1 мин читање

Даница Андонов, вдовицата на трагично загинатиот српски рапер, Далибор Андонов Гру се појави првпат во јавноста по погребот на нејзиниот сопруг.

Убавата Даница се фотографирала со голем број музичари меѓу кои Ивана Петерс и Тијана Дапчевиќ, а поводот е голем.

Имено, српските медиуми пишуваат дека екипата од фотографијата ќе настапи на претстојните MAC награди со песна која ја направила и снимиле во сеќавање на Гру.

На фотографијата Даница се уште е во црнина, но со широка насмевка на лицето, очигледно горда дека неговите колеги и пријатели снимиле песна во негова чест.

За потсетување, Гру загина на 9 септември минатата година на Дунав.

fb-share-icon0