чет. Апр 9th, 2020

Се е трач но има и вистина

Викендов фрчеа казни за паркирање на Водно

Градските комунални редари и овој викенд вршеа засилени контроли за паркирање во зеленило и изрекоа вкупно 57 казни за паркирање во зеленило (27 во сабота и 30 во недела), како што велат од Град Скопје, за да се заштити планината Водно од загадување и за да се овозможи непречено и безбедно движење на сите учесници во сообраќајот, а особено на пешаците и на велосипедистите.

Бесплатниот автобуски превоз викендов го искористија над 4000 патници на трите бесплатни автобуски линии кои прават 29 тури дневно кон Средно Водно. Паркингот на Водно викендов го искористиле 376 возила според бројот на испратени СМС пораки. Жичницата работеше со полн капацитет и превезени се околу 3500 патници.

Град Скопје воведе бесплатен автобуски превоз за време на викендите и празниците, а на паркиралиштата на Средно Водно е воведено зонско паркирање. На паркиралиштата е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли. Паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица, како и за туристичките автобуси.

Градот Скопје апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

fb-share-icon0