чет. Апр 9th, 2020

Се е трач но има и вистина

Во време на коронавирус, дупки по улиците и екстремно загадување, за Шилегов голем ризик е една од галиите на Вардар

1 мин читање

Градот Скопје најави отстранување на галиите од коритото на реката Вардар. После 3 години владеење – потег, кој некои ги изненади, а на некои им привлече големо влијание. Граѓаните на Скопје се прашуваат дали рушењето на галијата на реката Вардар е предизборен трик или не. Ова прашање, овие два дена беше и главна тема на утринските контактни емисии на Телевизија 24, па вечерва го повикаа градоначалникот на Скопје Петре Шилегов да објасни зошто тој се реши на ваков чекор пред избори.

Но, според компанијата „Фаланга Херонеја“ која се огласи до медиумите, тие немале никаков договор или судско решение за селидба или отстранување на објектот- галија. И додаваат дека се работи за политички прогон.

Но, Шилегов во вечерашната емисија на 24 Телевизија рече дека не се работи за прогон, бидејќи компанијата била известена, но се било подмирено спрема градот. Градот ги известил за две заостанати кирии, ги фативме на спиење, ама компанијата ги подмири кириите. Но, Шилегов додаде:

– Тие не почнаа со својата дејност до рокот. А ете се погоди рокот за дејност до 9-ти април – некаде во близина на изборите. Може нема да ја отстрануваме галијата на 10-ти или 11-ти април, ама после изборите тоа ќе се случи на 13-ти или 14-ти април.

fb-share-icon0