чет. Апр 9th, 2020

Се е трач но има и вистина

Во Хром ќе никнат 100 нови згради

ДУП Хром или урбанистички кажано СЗ 20. ДУП со исцртани повеќе од 100 згради. И покрај тоа што се води битка на дел од граѓаните низ надлежните институции за несразмерното давање на висина во одреден дел од населбата, со кои ќе има објекти во висина од 16.5 до 22.5 метри и комплекси над 100 станови по единица, локалната самоуправа досега има издадено повеќе од осум одобренија за колективно домување кои веќе се влезени во градба.
Согласно ГУП (градски урбанистички план) во Хром се предвидени 203.125 метри квадратни градежна површина, а со усвојувањето на новиот ДУП таа бројка е порасната на 370.282 метри квадратни градежна површина, стои во објавата на Фејсбук групата Ѓорче Петров.

Од таму додаваат:

„ЦЕЛИ 167.157 КВАДРАТНИ МЕТРИ НОВА СТАНБЕНА ПОВРШИНА ! Се поставува прашањето кој е планот на општината за згрижување на сите овие нови жители од аспект на сервисирање на нивните комунални и секојдневни проблеми ? Каде ќе бидат паркинг местата за овие нови жители ? Каде е предвидено зголемувањето на зелените површини ? Зошто парцелите на кои се предвидени објекти со А2 намена (колективно домување) се бирани по типот ”близок до овој” ? Училиштето,градинката се со ист габарит. Загадувањето е се поголем проблем. Ама парата мора да врти нели?“

fb-share-icon0