Го удрила каде што најмногу го боли: За одмазда, поранешната на Марадона му ги украла сите дресови и пехари

Поранешната сопруга на Диего Марадона му собрала еден куп вредни сувенири од неговата играчка кариера, а аргентинскиот суд не можел да докаже дека се негови за да му ги врати.

-Мојата поранешна сопруга Клаудија ми ги зема дресовите, шаловите и пехарите. Но, за судот не било јасно нивното потекло: па не ги ли гледа бројот 10 и моето име на нив?, вели гневниот Марадона.

Диего Армандо Марадона беше во брак со Клаудија од 1989 до 2004 години, а имаат и две ќерки, Далма и Џанина Откако се разведоа, Клаудија не си заминала со празни раце, му собрала еден куп вредни спомени од богатата кариера на еден од најдобрите фудбалери во историјата.

-И натаму не ми ги враќаат работите кои ми ги украде. Никој не прави ништо. Како е можно судијката да се прашува од каде ѝ се дресовите, шаловите и пехарите? Тоа е како кога на училиште ве прашуваат: „Која боја е белиот коњ на Сан Мартин?“ Свести се судијке Вилма Нора Дијас! Зарем не гледаш дека на дресовите стои бројот 10 и дури има и напишано Марадона?, не штедеше зборови лутиот Диего.

И неговиот адвокат Матијас Морла имаше интересен коментар: „Ова личи како на епизода од Simpsons…“

Аргентинецот од 2016 се тужи со Клаудија околу фудбалските сувенири, а апсурдот е што судот бара доказ дека сите тие предмети се навистина негови.