Дончиќ и Порзингис блеснаа на стартот, Далас рутински до победа над Вашингтон

Новото дуо на екипата на Далас Маверикс, кое го сочинуваат Лука Дончиќ и Кристапс Порзингис, блесна на отворањето на новата сезона. Во победата над Вашингтон Визардс (108-100), најдобрите кошаркари на екипата од Тексас комбинираа 57 поени.

Вториот и третиот дел на убедлив начин им припадна на домашните кошаркари, кои остварија доволна залиха и стигнаа до воведен триумф. Гостите имаа јалов обид во завршницата кој сепак не беше доволен за пресврт на ова гостување.

  • Извештај од натпреварот: 

Најефикасен на теренот беше Дончиќ со 34 поени, а надоврза и девет скока. Неговиот партнер во нападот Порзингис го заврши натпреварот со 23 поени, на дебито во новиот дрес.

  • Натпреварот на тандемот Дончиќ – Порзингис:

Во отсуство на првата ѕвезда Џон Вол, ниту еден од гостинските кошаркари не се истакнаа на денешната средба. Бредли Бил постигна 19, а по 14 поени зад своето име запишаа Хачимура и Брајант.