чет. Апр 9th, 2020

Се е трач но има и вистина

Елена Велевска направи камбек на музичката сцена.

1 мин читање

Елена Велевска по брачниот проблем утехата ја најде внесувајќи се до максимум во сопствената кариера. Сексапилната прилепчанка во етерот го промовираше долгоочекуваниот нов спот за нејзината „стара песна“ – „Говорот на телото“.

Згодната фолкерка оддамна сфатила дека и оние што можеби не се разбираат од музика, имаат голем мерак за убави нешта, па затоа постојано им ги „полни очите“ со провокативни фотографии во различни пози од своите скокотливи фотосесии. А, фолкерката како што е познато, има доволно телесни квалитети за своите песни да ги поткрепи и со разголени слики и доволна доза еротика во своите видеа.

Така и овој пат, згодната Елена како претходница во најавата за „Говорот на телото“ објави неколку „жешки фотографии“ на кои вообичаено го понуди сиот свој телесен раскош, па дури и повеќе од тоа… Веројатно, сега растоварена од стегите на бракот и притисокот што го чувствувала, Велевска покажа дека и „гревот има светла страна“… Се разбира, ако воопшто и е грев, она што е убаво да не се сподели со обожавателите, како сопствен адут за успех, но и како подарок за „полни очи“ на својата публика, особено онаа машката.

Атрактивна, згодна, провокативна, пожелна, порочна, секси… Елена Велевска во новото видео ги „нуди на дар“ сите свои телесни квалитети, сиот свој телесен раскош, кој го поседува. А поседува толку многу, што кога го гледаат видеото ниту на оние што не се по жените, не им е сеедно! Впрочем, што е убаво и на Бога му е драго, а камо ли на обичните смртници.

Особено што во првото „вертикално видео“ снимено кај нас, пејачката најмногу е во „хоризонтала“!  Уште една асоцијација која ги буди „оние мисли“, ја поттикнува волшебната игра на сетилата, потајно ве тера да ги „скршите правилата“ заковани во моралните норми…

Впрочем и гревот има светла страна, зарем не, како што велат и стиховите на самата песна чие видео со секој кадар нуди толкав еротски набој, што ви се чини дека секој миг ќе доживеете да ви се случи експлозија од страсти… до небото!

А како и не би, кога Елена Велевска има таков „Говор на телото“!

извор: vistina.com.mk

fb-share-icon0