Ердоган: Се надевам дека односот на САД нема да се промени поради С-400

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган синоќа изрази надеж дека односот на САД кон Турција нема да се промени поради одлуката да купи систем за ракетна одбрана С-400 од Русија.

-Релевантни институции спроведуваат неопходни преговори. Ќе продолжат да го прават тоа. Ќе разговараат и со Парламентот. Се надевам дека овој погрешен пристап на Америка ќе се смени, рече Ердоган.

Американски и претставници на НАТО повеќе пати ја предупредија официјална Анкара дека со С-400 не може да се интегрира во НАТО системите за воздушна и ракетна одбрана и оти купувањето С-400 ќе ги загрози изгледите за реализација на купувањето на борбените авиони Ф-35. (МИА)