Земјотрес на Крит

Земјотрес со јачина од 4,1 степени го зафати грчкиот остров Крит.

Епицентарот на земјотресот е 36 километри од градот Хераклион, соопшти атинскиот Институт за геодинамика при Националната опсерваторија.

Земјотресот се случи во 15 часот по локално време, на длабочина од 36,7 километри.

Засега не е забележана материјална штета.