чет. Апр 9th, 2020

Се е трач но има и вистина

Избегал од карантин, а хаосот настанал на граничниот премин од каде избегал и од преполниот автобус во кој се возел- еве ги деталите!

Патник од автобус кој се движел од Котор кон Белград бил запрен од српските власти поради сомневање дека еден од патниците доаѓа од заразените подрачја, а потоа истиот избегал од автобусот.

Црногорскиот медиум „Победа“ пренесува дека тој во моментов се наоѓа во изолација и дека нема симптоми кој би можеле да укажат на коронавирусот.

„Тој е сместен во едно преноќиште. Нема никакви симптоми и категорично тврди дека не побегнал. Тврди дека на 27 февруари се одморал во Словенија, Љубљана, а сето тоа ќе го провериме, вели извор за медиумот.“

Друг медиум пак тврди дека Италијанецот негирал дека побегнал од карантин во Хрватска.

Српските медиуми пак јавуваат дека вчера еден Италијанец избегал од карантин од Хрватска и е пронајден во автобус на границата со Црна Гора и Србија.

Инаку автобусот е застанат на граничниот премин „Шпиљани“.

„Според мерките во Србија државјанинот на Италија не е пуштен да влезе во Србија, а останатите патници од автобусот се ставени во домашна изолација“, пренесуваат српските медиуми.

Автобусот инаку е однесен во Белград каде ќе биде превентивно дезинфициран, а црногорската полиција се уште се нема огласено официјално за овој случај, но потврдуваат дека стапиле во контакт со хрватската полиција каде не бил регистриран ниту еден случај на бегство.

fb-share-icon0