пон. Авг 10th, 2020

ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Изложба „15 години“ во Музејот на македонската борба

1 мин читање

Во НУ Музеј на македонската борба за самостојност, утре со почеток во 19 часот свечено ќе биде отворена изложбата „15 години“ на Истори­скиот музеј на Босна и Херцеговина.

Во наредните триесетина дена, македонската публика ќе има можност да ги види фотографиите на Џим Маршал чиј фокус е Сараево во временскиот период 1996/2011.

Изложбата се реализира како дел од Годишната програма на Министерството за култура, а на отворањето ќе се обратат директорките на двете институции – Даниела Николова и Елма Хашимбеговиќ, како и вршителот на работите во Амбасадата на Босна и Херцеговина, Јасмин Гагула.

Отворањето на изложбата е дел од манифестацијата „Бела ноќ“, на кое специјален музички настап ќе има Дуња Иванова со нејзината програма „Слушаме во црно-бело“.