пон. Мар 30th, 2020

Се е трач но има и вистина

Историски допири – Бред и Џенифер се бакнуваа јавно по 15 години, актерот не сакаше да ја пушти

1 мин читање

Џенифер Анистон и Бред Пит ги стопија срцата на обожавателите ширува светот со своето однесување на доделувањето на “Screen Actors Guild”наградите (SAG Awards) кое се одржа вчера.

-Џен и Бред конечно на луѓето им го дадоа тоа што со години го посакуваат, напиша ТМЗ.

Имено, актерот освои награда за улогата во остварувањето „Беше еднаш во Холивуд“, а Џенифер за улогата во драмската серија “The Morning Show”.

Актерката буквално се топела додека го слушала говорот на Бред, додека тој цело време ја гледал од бината.

Во моментот кога таа била повикана на сцената да ја земе својата награда, Бред бил зад сцената, па кога слушнал си прекинал сите активности и застанал пред тв екранот гледајќи ја со насмевка својата поранешна партнерка.

Потоа конечно дошло до, како што јавуваат светките медиуми, историска средба и прегратки. Кога Џен се свртела да се поздрави со некој, Бред нежно и натаму ја држел за рака.

fb-share-icon0