И официјално падна договор: Еден Азар е играч на Реал Мадрид

Белгискиот фудбалер Еден Азар го водеше Челзи до трофеј во Лигата на Европа и најави дека заминува, а негова наредна дестинација ќе биде Шпанија каде ќе го носи дресот на Реал Мадрид.

Се чека само официјализација, а од земјата велат дека се е договорено и дека Челзи и „кралевите“ си подале рака.

Се преговараше само за цифрата за која Азар ќе премине од Лондон во Мадрид, а се тврди дека таа изнесува 120 милиони евра. Промоцијата на Азар како нов фудбалер на Реал Мадрид ќе биде в понеделник.

28-годишниот Азар играше во Челзи од 2012 година, кога се пресели во тимот од француски Лил. За репрезентацијата на Белгија, крилото има 100 настапи и вкупно 30 постигнати погодока.

Извор: gol.mk