Како се проектираат и изведуваат зелени кровови или кровни градини?

Зелените кровови или кровни градини претставуваат кровни конструкции кои се прекриени со растителен слој (вегетација)…

Освен што ја зголемуваат естетската вредност на објектот, зелените кровови влијаат позитивно на подобрување на глобалната микроклима во градовите, го намалува нивото на бука, ја прочистува дождовницата и воздухот внатре во објектот. Тие се и животен простор на многу животинки и инсекти. Зелените кровови се одлична термичка изолација на објектот, ја задржуваат топлината во текот на зимата, а во лето го ладат просторот.

Овие кровови пружат и додатен простор за релаксација во природа, а можат да се користат и како градина за одгледување на одредени растенија. Предноста на кровните градини може да се гледа и од економски аспект – ја намалуваат потрошувачката на енергија и ја зголемуваат вредноста на објектот како недвижност.

При проектирање и изведба на кровна градина, од особена важност е да се користат квалитетни и сертифицирани материјали, а при проектирањето и покасно и при изградбата, да се почитуваат стандардите за зелени кровови.

Како меѓународно признати стандарди се FLL германските стандарди, од кои не би требало да се отстапува. Секое отстапување во фазата на проектирање како и неадекватната изработка на работите при изградбата на зелените кровови, ги зголемува ризиците кои можат да се случат во краток временски период. Неправилното проектиран и изведен дел од објектот, како што е кровот, може да предизвика проблеми на самиот објект: прокиснување, продир на корења, влажност, па дури и деформација на кровот. Од тие причини, ваков сериозен проект треба да се препушти на стручни лица (пејзажни архитекти, градежни инженери…), како овој вид на инвестиции би бил посигурен.

Вегетациски слој
Изборот на вегетација зависи од видот на кровот (екстензивен, полуинтензивен или интензивен), дизајнот, локална клима, достапност на сончеви зраци, услови за наводнување и намената.
Типични растенија кои се користат за екстензивни зелени кровови се перените (повеќегодишно цвеќе), со што поплитки корења, особено оние кои се шират брзо (размножување), со минимални потреби за хранливи материи и вода. Треба да се отпорни на сонце, ветар и екстремни температурни промени. Сукулентите (пример Sedum), многу добро се прилагодуваат на зелените кровови, бидејќи имаат голема отпорност на суша, висока содржина на вода во нив и поради тоа се отпорни и на оган. Интензивните зелени крововиимаат подлабок слој на хранлив супстрат кој им овозможува користење на поголеми и помасивни растенија, вклучувајќи и дрвја и грмушки. Кај овие видови на зелени кровови, треба да се предвиди систем за автоматско наводнување, што го проширува опсегот на растенија кои би можеле да се користат.

Слој од хранлив супстрат
Хранливиот супстрат може и не мора да вклучува земја како примарна органска материја. Супстратот кој с користи за зелени кровови се прави на таков начин да обезбеди поддршка на вегетацискиот слој и да има способност да ја задржува водата. Супстратот се состои од поголем процент на неоргански минерални материи и дел на органски материи. Длабочината на хранливиот супстрат за екстензивни зелени кровови се движи околу 7 см, а за интензивни кровни градини достигнува и до 80 см.

Филтер слој
Филтер мембраната е обично геотекстил кој овозможува вишокот на вода од супстратот помине до дренажниот слој, ги спречува и фините честици да ги затнат дренажните отвори.

Дренажен слој
Улогата на дренажниот слој е да овозможи вишокот на вода помине до главниот одвод, а растенијата кои се наоѓаат во вегетацискиот слој ја искористат количината на вода која им е потребна. Се изработува од акумулациони фолии кои имаат перфорации за акумулирање на водата која растенијата ја користат и канали кои вршат одвод на вишокот вода.

Заштитен слој
Заштитниот слој се изработува од заштитни и разделувачки филцеви кои имаат улога на заштита на кровот од оштетување и способност за складирање на вода. Како такви, меѓусебно се разликуваат според капацитетот на складирање на вода, тежина и категорија на робустност.

На пример, за екстензивни зелени кровови се користи филц со капацитет за складирање на водата од 2 L/m2 и тежина 300 g/m2, додека за интензивни зелени кровови се користи филц со капацитет за складирање на водата 6 L/m2 и тежина 900 g/m2.

Иригационен слој
Иригационениот слој служи за елементите од автоматскиот систем за наводнување на растенијата и се формира во оние случаеви каде е неоходен (воглавно кај полуинтензивните и интензивни зелени кровови). Пред самата инсталација на автоматскиот систем на наводнување, неопходно е во фазата на проектирање да се дефинира типот на наводнување, потребните елементи во зависност од водените капацитети и потреби, како и површината која се наводнува. Без автоматски систем на наводнување е невозможно да опстане вегетационениот слој, освен во случаеви кога се користат растенија како Sedum и некои други сукуленти.