Карлеуша имаше еден услов за да прифати да му биде ментор: Поради Кристијан во „Ѕвездите на Гранд“ настана хаос

Во новата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ има и нови македонски кандидати, некои веќе учествувале во претходните сезони, а некои првпат се појавуваат на сцената на „Гранд“.

Во последната емисија на музичкото шоу, настапуваше и 24 годишниот Кристијан Марковски од Гевгелија.

Тој се претстави со песните „Полско цвеќе“ од Тоше Проески и „Милиметар“ од Жељко Јоксимовиќ.

По неговата  изведба доби три гласа, односно од  Ѓорѓе Давид, Јелена Карлеуша и Дара Бубамара која беше гост ментор во шоуто.

Откако жирито даде гласови на Македонецот,  требаше само да го потврди својот глас, односно да открие дали сака да биде ментор на Кристијан.

Јелена Карлеуша за да биде ментор на Македонецот имаше само еден услов, односно бараше да одговори на едно прашање.

„Кристијане, можеш и да ми одговориш и на македонски, јас мислам дека македонскиот јазик е многу секси. Кристијане, бидејќи мислам дека за ова работа е потребно да имаш талент и убавина, а ти веќе тоа го имаш,  но, потребно е да имаш и мозок, односно да ти работи тој “кликер“.  Мене ме интеренсира, да ми кажеш на македонски мислење за глобалното затоплување“ праша Карлеуша.

По нејзиното прашање сите во студиото почнаа да се смеат, а Саша Поповиќ  сугерираше да одговори дека Јелена е најсекси риба на оваа естрада.

Јелена истакна дека доколку одговори што му сугерира Поповиќ ќе добие шлаканица.

„Јас мислам дека луѓето сами се виновни за ова глобално затоплување. Ние го уништуваме светот, треба да има повеќе свесни луѓе“ вели Кристијан, а Карлеуша го праша што мисли кое е решението.

„Па, мислам дека треба да се прават кампањи, да се разбуди свеста кај луѓето“ додава Македонецот.

„Да ја користиме популарнота нели“ вели Јелена и му даде глас на Кристијан односно потврди дека сака да му биде ментор.

Македонскиот претставник ја одбра Карлеуша за ментор со која заедно ќе се подготувва за следниот круг.

Како Кристијан ќе се претстави во следниот круг, останува да видиме.

Извор: vistina.com.mk