Кои се слабите точки на секој хороскопски знак

ОВЕН

Најслаб дел од организмот му е главата,мозокот,очите,зглобовите,вилицапотоа крвотокот,срце,и половите органи.Неконтролирано ја троши енергијата,склон е на повреди,воспаленија,инфекции,воглавно акутни болести пропратени со висока температура и пореметување на крвната слика.Од хронични болести тешко се разболува,а во тој случај може да е мигрена,епилепсија,шеќерна болест,воспаленија на бубрезите или органите за репродукција.За овие луѓе карактеристично е да од стресовите ја губат косата.Овновите би требало да ја избегнуваат маста во прехраната и да ја намалат количината на месо и силни зачини.Добро е да јадат овошје,зеленчук,млеко и млечни производи,а во лечењето да користат природни тревки,да конзумираат чаеви,природни лекови.Побрзо се опоравуваат во природа,на чист воздух и покрај вода,или на море.

БИК

Слаби делови на организмот се вратот,грлото,крајници и дишни органи,зглобови,јајници,жлезди.Склон е на болести кои настануваат поради прекумерна или лоша исхрана(маснотија во крвта,анемија,хемороиди,инфекција на полните органи,оболување на вени,тумори)Во исхраната треба да има застапено посилна храна,месо и зачини но треба да води сметка за количината и да ги намали јагленохидратите.маснотиите и скробот.Одлично реагира на хомеопатско лечење,а за опоравување највеќе му одговара движење,шетање или некоја друга помалку напорна активност.

БЛИЗНАЦИ

Најзагрозени делови на организмот се рамениците,рацете,прстите,дланките,белите дробови,клучна коска,нерви,жлездите,крвните садови.Подложни се на бронхит,астма,разни неурози,воспаление на мозокот и жолчката.Ги плашат и помали знаци на заболување,што ја влошува состојбата и може да дојде до хипохондрија.Во исхраната треба да посвети посебно внимание,не на количината и квалитетот,само треба да поведе повеќе ред,да не ги прескокнува оброците или да има ужинка помеѓу оброците,за што Близнаците и онака имаат обичај.

РАК

Ракот е роден гурман,па така желудникот и органите за варење му се често загрозени.Чуствителни му се белите дробови,ребрата,крвта,црниот дроб.На него многу влијае околината,емоциите,непримерното живеење (влага) или емотивни тешкотии.Склон е на реума,тумори,гастритис,депресија или хистерија,и сите наследни болести.Во исхраната треба да го намали скробот,маснотиите,чоколадите,а освен овошје,целата храна подобро е да ја конзумира варена.Најубаво се опоравува на планински воздух,опкружен со оние кои ги сака.Добро реагира на сите врсти лечења,а ако има доверба во лекар,ќе му помогне и со лек и сугестивно.

ЛАВ

Слаба точка му се срце,кичма,артерии,вени,аорта,притисок,слезина,очи.Како и кај овенот,склони се на акутни болести и грозница,воспаленија,инфаркти,и ако заболи од хронична болест тоа е ангина пекторис,анемија,вени,крв…Родените во овој знак најтешко заболуваат од тумор или карцином.Витални се,лесно ги преболуваат едноставните болести.Пожелна е разноврсност во исхраната и повеќе лук ,а добро е и да воведат еден овошен ден.Најдобро се опоравува во ладни и ветровити краеви.

ДЕВИЦА

Органите за варење им се најчуствителна точка,но тоа е само аларм за повеќе грижи.Желудник,црева,црн дроб,слезина,жолчка,бубрези и нервни влакна се делови на организмот кај кои највеќе се развиваат болестите.Неотпорни се спрема заразни болести или према оние кои настануваат поради лоши хигиенски услови,а болести кои кај нив владеат се жолтица,разни цревни болести,стеснување на капиларите,тумор или карцином.Во исхраната би требало да избегнуваат сувомеснати производи,се што е недоволно варено или печено.Поради склоност на хипохондрија лесно зема лекови или испробува разни народни лекови,но се тоа треба да го зема во мали количини и тоа само по совет од лекар.Најдобро се опоравува во природна средина со доста светлост и топлина.

ВАГА

Чуствителни точки се кожа,желудник,вени,црн дроб,долниот дел на кичмата,мускули.Лесно заболува од реума,шеќерна болест,камен во бубрези,жолчка,а крвната слика им е најчесто лоша.Не се препорачува црвено масно месо во исхраната,само пилешко,телешко или риба.Што повеќе зеленчук,а помалку сол или зачини.На почеток на пролет,повеќе витамини.За време на болестите може да западнат во депресија,посебно ако се изолирани од луѓето кои ги сакаат.Многу споро се опоравуваат,но ако се опкружени со внимание,пријатна музика,топли простории,опоравувањето може да биде малку побрзо.

ШКОРПИЈА

Слаби точки им се гениталиите,јајници,простата,мочен меур,бубрези,бронхии,полни инфекциски болести,тумори и разни инфекциски болести.Сликата на болеста може да биде драматична но брзо се опоравуваат.Имаат чудесна способност за регенерација.Во исхраната можат да бидат вклучени многу зачини.А лекови би требало да користат во мали количини,третманот да го надополнат со чаеви и тревки на кои одлично реагираат.Ги преценуваат своите можности па треба да се ограничат нивните активности,да се намалат излегувањата во тек на болестите,а најдобро се опоравуваат на поостар планински воздух.

СТРЕЛЕЦ

Најчуствителни делови се жлездите,кукови,ексремитетите,кичма,срце,бели дробови.Склони се на воспаленија,ревматски болести,ишијас,болести на артериите на срцето и белите дробови.Подобро е исхраната да се базира на зеленчук и најдобро е да се јаде вегетеријанска храна.Добро ги проценува своите можности,анајдобро се опоравува во природа занимавајќи се со полесен спорт.

ЈАРЕЦ

Слаби точки му се коските,зглобовите,колената,кукови,кичма,заби,кожа,желудник,бели дробови,срце.Склони се на болести кои се развиваат споро,а траат долго,хронични воспаленија,рахитис,дископатија,кршење на коски,а во староста склероза.Исхраната треба да биде различнаварено и печено,дури и овошјето подобро да го земаат варено отколку сирово.Најдобро се опоравуваат во светли простории,опкружени со саканите,кои ќе ги расположат и развеселат со прошетки во планина или на море.

ВОДОЛИЈА

Чуствителни се на долните делови на нозете,глуждовите,зглобовите,мозок,срце,сите болести кои се поврзани со крвотокот,капилари,анемија,мигрена,кожни болести,неуралгии,нервни и душевни болести.Исхраната треба да биде појака и поквалитетна со повеќе месо,витамини,минерали,а оброците поумерени.Добро реагира на лекови од билки и хомеопатки лекови.За време на опоравувањето не треба да да се изложуваат на променлива температура,напор,па дури ни на прошетки.Највеќе им одговара одмор и добар сон.

РИБИ

Чуствителни точки им се стопала,прсти на нозете,вени,крв,бели дробови.Склони се на болести кои се развиваат од пореметување на крвна слика,тумори,реуми,шеќерна болест,хистерија,психички оболувања,фобии,и сите болести од непознато потекло.Со самата болест често се појавуваат компликации кои ја отежнуваат дијагнозата.Им одговара полесна диетална храна,риба,зеленчук,варено овошје,а што помалку месо.Чуствителни се на влага па би требало да живеат во суви и проветрени простории.За време на опоравувањето би требало што повеќе да шетаат и тоа во климатски услови каде што дуваат суви ветрови.