Ливерпул ги победи Реал и ПСЖ и привлекува уште еден супер-талент

Европскиот клубски шампион Ливерпул ја освои битката за потписот на 16-годишниот талент на Фулам, Харви Елиот, објави британски „Телеграф“.

Реал Мадрид и Париз Сен Жермен исто така беа заинтересирани за напаѓачот, но тој преферираше да остане во Англија.

Елиот е најмладиот играч кој играл во професионален натпревар во Англија откако се појави за Фулам против Милвол за Лига Купот на возраст од 15 години и 174 дена во септември минатата година.

Менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп, претходно се избори со Баерн Минхен за потписот на 17-годишниот Холанѓанец Сеп ван ден Берг.