Македонски железници со негрижа за патниците

Македонски железници не се грижат за патниците кои патуваат со новите кинески возови.

Имено патничкиот воз кој сообраќа од Битола према Скопје денеска и покрај што каснеше еден саат кој нормално треба да стигне во станицата во Скопје во 16:14 минути седи заглавен на станица во Зелениково со образложение дека прснала пруга и дека мора да се чека еден до два часа или повеќе за да се отстрани дефектот во кој има и странски државјани кои патуваат и го користат истиот воз како државјаните на Макењдонија. На телефонскиот кој е оставен на вебстраната не се јавува никој и не можеме да добиеме објаснување зошто никој не презема нешто да се обезбеди превоз до Скопје за патниците кои чекаат во заглавениот воз во Зелениково.