чет. Апр 9th, 2020

Се е трач но има и вистина

Мајли Сајрус објави интересни фотографии од венчавката!

1 мин читање

Мајли Сајрус и Лиам Хемсворт, турбулентната љубовна врска ја крунисаа со брак од како се верија уште во 2012-та година, а минатиот викенд конечно застанаа пред олтар.

Иако се венчаа во тајност, во кругот на семејството и пријателите, еден од гостите на Инстаграм сподели неколку фотографии од прославата, а не требаше да помине многу време за тие да завршат на фан страните.

Но, сега целата приказна ја потврди и самата пејачка и тоа со најромантичните фотографии кои може да ги замислите.

Сепак, сите погледи се насочени кон воодушевувачката венчаница, која Мајли ја одбрала за еден од најважните денови во нејзиниот живот.

Станува збор за креација од „Vivienne Westwood“, сатенска тоалета, која може да се купи во Њујорк, по цена од 8600 долари.

Минималистичкиот, ретро но елегантниот изглед, бил полн погодок за пејачката, а сето тоа го надополнила со брановидна фризура.

Хемсворт одбрал лежерно издание, па црното одело го искомбинирал со бели патики. Баш како и секогаш, парот ги заобиколил непишаните правила и овој ден го испланирал според своите желби.

fb-share-icon0