пон. Авг 10th, 2020

ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Мисајловски: Во Куманово ништо не е сработено, луѓето сакаат промени на подобро

1 мин читање

Ги посетивме и жителите на населеното место Зелен Рид, Куманово. Заедно со кандидатите за пратеници во ИЕ2 Бране Петрушевски, Кети Димковска и Тихомир Алексовски поразговаравме со населението, кое недвосмислено вели дека Куманово е условно кажано заробено од СДСМ. Ништо не е сработено и ништо не е реализирано. Луѓето сакаат промени на подобро и поради тоа ќе ја дадат поддршката за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За обнова на Македонија”.

На 15-ти јули Куманово ќе го заокружи бројот 14! За победа, за обнова!, пишува на својата Фејсбук страница носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ2 Владо Мисајловски.