пон. Авг 10th, 2020

ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Мисајловски: Граѓаните знаат која опција е патот кон просперитетот и успехот

1 мин читање

Овој ден од предизборната кампања го затворам со преубава средба со жителите на населеното место Гоце Делчев, Куманово. Заедно со кандидатите за пратеници во ИЕ2 Бране Петрушевски, Кети Димковска и Тихомир Алексовски ги посетивме овие луѓе кои се спремни за најголемата победа на 15-ти јули. Мотивот и желбата за обнова се огромни, а тоа значи дека Куманово е повеќе од сигурно во изборот. Знаат која опција е патот кон просперитетот и успехот, а која води во пропаст. Токму затоа овие луѓе ќе го одберат ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За обнова на Македонија”.

Уште малку преостанува до денот кога започнува Обновата на Македонија!, пишува во својата објава носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ2 Владо Мисајловски.