пет. Јун 5th, 2020

Се е трач но има и вистина

Мицкоски подава рака за помош, Владата и СДСМ со стари навреди и демонстрација на суета

1 мин читање

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски вчера на прес конференција искажа подготвеност да ги понуди сите свои ресурси и програми за државата и граѓаните полесно да ја издржат кризата предизвикана од коронавирусот.

Како лидер на ВМРО-ДПМНЕ за мене е јасно дека на владата и треба помош, исто како и на државата. И јас подавам рака за да помогнам. И сум силно убеден дека она што го предлагаме и овие предлози кои ги нудиме е излезот од оваа криза. Затоа подготвен сум ако треба да дојдам во влада и да ги образложам, да ги одбранам решенијата, да споредиме и да се извлечеме од оваа криза, а да го аплицираме она што е најдобро за Македонија и за нејзини граѓани. Еве го начинот на кој што владата може да дојде до 1 милијарда 200 милиони евра без кратење на плати, удирање по бизнисот и работниците. И тоа ќе го соопштам во три чекори, посочи  вчера Мицкоски и додаде:

„Покрај веќе она задолжување кое што како процедура е отпочнато, а владата бара 400 милиони евра како заемобанките и заемодавателите и останати околу 200 милиони од ММФ и Светската банка која што доколку успешно се реализираат средствата би биле достапни за бизнисот и за граѓаните некаде во првата половина на месец мај. Вториот чекор кој што всушност треба да биде и прв чекор е веднаш благајничките записиа кои што стерелизираат од прилика 25 милијарди и 200 милиони денари средства ликвидност на банките во Народната банка веднаш да бидат откажани за месеците кои што следат и наместо тие благајнички записи да бидат запишани државни хартии од вредност кои што ќе ги издаде министерството за финансии и ќе имаат рок од еден месец и така секој месец тие ќе се обновуваат и продолжуваат.“

-Вториот чекор кој што го нудиме а голем број европски држави, пред се тука мислам на Балтичките држави кои што во времето на финансиската криза во 2008 и 2009 година, потоа државите од Централна Европа, како што е Полска, Унгарија го направија во услови на криза а тоа е средствата кои што беа уплаќани во вториот задолжителен приватен пензиски фонд со уредба на владата да бидат пренаменети и наместо во вториот задолжителен приватен пензиски фонд да бидат од први април да бидат уплаќани во државниот задолжителен пензиски фонд. На тој начин ќе се обезбедат дополнителни 10 милијарди денари кои што ќе гарантираат стабилна, сигурна и навремена исплата на пензиите на пензионерите. Еве начин како да обезбедиме дополнителни 35, 36 милијарди денари заедно со оние  600 милиони евра кои што веќе тргнавме во потрага во обезбедување во Светот, ќе значи сигурно, надежно и безбедно пребродување на оваа пред се здравствена, а потоа и економска криза, кажа Мицкоски и подвлече:

„Тоа е планот 1 милијарда и 200 милиони евра кои што веднаш владата може да го реализира. Повторувам веднаш без одлагање, бидејќи свесни сме и ние и сведоци сме дека се што во минатото ВМРО-ДПМНЕ и јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ предложивме беше на прво одбиено, за да 15 – 20 дена потоа беше аплицирано, за жал задоцнето и ефектите од таквата апликација изостанаа. Затоа стојам овде и ве предупредувам, аплицирајте го ова за веднаш да излеземе од оваа финансиска криза. Благајничките записи заменете ги со државни хартии од вредност и оние средства кои што требаа да се уплаќаат во вториот задолжителен приватен пензиски фонд да бидат со уредба со сила на закон на владата пренаменети во средства кои што ќе се уплаќаат во првиот задолжителен државен пензиски фонд.“

Ваквата понуда експресно беше одбиена од Владата и СДСМ. Македонија се соочува со досега невидена криза која може да рефлектира со илјадници затворени работни места, драматичен пад на БДП-то како и драстично намалување на куповната моќ на граѓаните.

Денеска и дополнителната министерка за финансии Гордана Димитриевска-Кочоска на Фејсбук искоментира дека на седницата на Економскиот совет не биле ставени предлог мерките предложени од ВМРО-ДПМНЕ.

Tаа вели дека сепак одговорноста при носењето на одлуките е на владата.

Морам да потенцирам дека владата и министрите наместо брзо да реагираат, користат дел од нашите предложени мерки со задоцнување од две недели. Во услови кога ни треба брза реакција ние доцниме.