Оваа вест ќе ги израдува фановите на „Хари Потер“

Џеј Кеј Роулинг следниот месец ќе објави четири нови електронски книги од едицијата „Хари Потер“, нудејќи им на фановите шанса „да навлезат подлабоко во богатата историја на магијата“.

Приказните од серијата насловена „Хари Потер: патување низ…“ ќе бидат објавени на сајтот на писателката „Потермор“ и ќе бидат посветени на сите нешта од „светот на волшебниците“. Секоја од нив ќе се базира на лекциите што Хари и друштвото ги учеа во училиштето за вештерство и волшебништво „Хогварт“.

„Подгответе се да навлезете подлабоко во богатата историја на магијата со оваа нова серија на кратки електронски книги“, стои на сајтот „Потермор“.

Првите две книги ќе бидат објавени на 27 јуни, а третата и четвртата ќе следат набргу потоа. Книгите ќе можат да се најдат на англиски, француски, италијански и германски.