вто. Сеп 29th, 2020

ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Петта сезона по ред, Левандовски постигна 40+ голови за Баерн

1 мин читање

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, постигна гол од пенал на дуелот со Унион Берлин што е во тек.

За 31-годишниот полски фудбалер ова беше 40-ти погодок во сезоната за минхенскиот клуб. Тој постигна 26 голови во германскиот шампионат, 11 во Лигата на шампионите и три во Купот на Германија.

Така, Левандовски стигна до 40 или повеќе голови за Баерн петта година по ред. Тој беше најефикасен во сезоната 2016/17 кога даде 43 гола.