чет. Апр 9th, 2020

Се е трач но има и вистина

Повисоки продажните цени на индустриските производи

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во јануари годинава се повисоки за 2,2  проценти на месечно ниво и за 3,3 проценти на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во јануари 2020, во споредба со декември 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот рударство и вадење на камен за 1,4 проценти, во преработувачката индустрија за 2,4 проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 1,5 проценти.

Во јануари 2020, во споредба со јануари 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот рударство и вадење на камен за 6,2 проценти и во снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,6 проценти, а во секторот преработувачка индустрија се повисоки за 4,4 проценти.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во јануари се повисоки за 3,1 проценти на месечно ниво, а за 4,2 проценти на годишно ниво.  (МИА)

fb-share-icon0