чет. Апр 9th, 2020

Се е трач но има и вистина

Пожар во подземни гаражи во Чаир: Две деца во болница, укажана помош на 15 лица, изгорени 3 возила

1 мин читање

Пожар утринава околу 3:30 часот се случил во подземни гаражи на ул.„Седма албанска бригада“ во скопски Чаир.

Од полицијата информираат дека во пријавениот пожар опожарени се три возила, и тоа: „Ауди“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.Б., „Опел астра“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.К. и „Фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, додека оштетено било и возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки.

-Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а од екипа на Итна медицинска помош била укажана помош на лице место на 15 станари кои вдишале чад и сите се во добра здравствена состојба, додека две деца, поради вдишување чад биле пренесени на опсервација во Клиника за токсикологија, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

fb-share-icon0