вто. Сеп 29th, 2020

ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

По промена на Статутот, ВМРО-ДПМНЕ почнува со кадровски промени

1 мин читање

Изборите завршија, а стартните позиции за преговори за составување нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се изеданчени, двете партии располагаат со по 46 пратеници поддршка и се друго зависи од ставот на партиите на македонските Албанци со кого тие ќе решат да коалицираат, пред се ДУИ и коалицијата Алијанса/Алтернатива.

Веднаш по изборите ВМРО-ДПМНЕ направи чекори кои се очекуваа, се смени статутот во неколку многу битни одредби кои за прв пат се применуваат кај македонските политички партии воопшто, а тоа е давање голема автономија и незвисност во одлучувањето на базата на партијата. Досега, сите релевантни партии не само во Македонија туку у регионов имаа принцип раководството да одбира општински организации а потоа општинските да ги бираат нив поради што медиумите често овој систем го нарекуваа “султан партии“. ВМРО-ДПМНЕ сега темелно го смени тој принцип.

Оваа одлука за темелна демократизација на партијата беше иницирана и поздравена од најголемата партиска асоцијација во Европа – ЕПП, асоцијацијата на десни политички партии оценувајќи дека во регионот, за прв пат, ВМРО-ДПМНЕ применува европски стандард на внатрешно партиско организирање.

Сега, откако добија големи права за одлуки, општинските организации, или комитети кај ВМРО-ДПМНЕ, иницираат и кадровски промени кои следат. Имено, партијата планира брзи кадровски промени, освежувања со нови лица, на речиси сите нивоа во ВМРО-ДПМНЕ.

Овие промени треба да овозможат поголема доверба во проектите на партијата на локално и централно ниво, функционалност доколку ВМРО-ДПМНЕ обезбеди влез во идната влада како и организациски потенцијал за наредните локални избори кои се очекуваат за година дена.

Наредните денови и недели треба да се очекуваат првите кадровски промени и порака до членството, гласачите на ВМРО-ДПМНЕ и јавноста дека партијата делува согласно јавната оценка за работењето и потребите на граѓаните.