вто. Сеп 29th, 2020

ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

По смртта на Мазлум Хасан се огласи поранешниот премиер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски: Еве што напиша тој

1 мин читање

Замина Мазлум Хасан.Мазлум беше исклучително позитивна и ведра личност, пријателски расположен кон секого, многу добродушен човек, секогаш спремен секому да помогне. Беше одличен градоначалник на општината Центар Жупа, успешен бизнисмен и кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е уште една жртва на вирусот Covid-19 кој иако го затекна целосно здрав на 52годишна возраст успеа да го совлада.Неговото заминување е непроценлива загуба за неговото семејство, за неговите роднини, пријатели, соработници, сограѓани, за турската заедница во Македонија и за ВМРО-ДПМНЕ. Ќе го паметиме како добар, комуникативен и способен човек и градоначалник, кој остави трага зад себе создадена од неговиот лик полн со позитивна енергија, неговата работа, делување и активности. Нека почива во мир.