чет. Апр 9th, 2020

Се е трач но има и вистина

Против коронавирусот Македонија ќе го користи и лекот за маларија, но прво треба да го увезе

Министерот Венко Филипче рече дека побарале земјава да довие од лековите кои се користат како терапија против маларијата за да може да се користат во лекувањето на заразените од коронавирус. Одговор од компанијата која ги произведува овие лекови, очекуваат во текот на наредната недела.

„Ние во текот на вчерашниот ден бевме контактирани од меѓународното претставништво одговорно за целиот овој регион од Европа и го покажавме интересот да добиеме соодветна количина на лекови согласно бројот на пациенти и согласно населението. Во текот на следната недела го очекуваме одговорот од ова претставништво на таа компанија“, рече Филипче

Тој посочи дека станува збор на терапијата со кинини бидејќи има публикации во кои се вели за лекување на пациенти се користи хидрохлоркининот комбинација со азитромицрин – група на антибиотици.

fb-share-icon0