Разочарани охриѓани преку парола со порака до градоначалникот и властите: „Градежна мафија АД општина Охрид“

По еден куп скандалите во општината Охрид револтирани граѓани поставија пароли со пораки до градоначалникот Константин Георгиевски.

Имено по скандалот со фирмата за рушење на дивоградбите во Охрид во чија сопственост е советникот на Охрид Нефи Усеини револтирани охриѓани на градоначалникот му порачаа дека општината на чие чело е тој е градежна мафија.

„Градежна мафија АД општина Охрид“, осамна пред влезот на општината вчера во доцните часови.

Ова според граѓаните е само потсетување на властите за уништувањето на градот и владеењето на самоволието на истите во изминатиот период.