Роналдо: Како тоа секогаш сите се виновни, освен Меси

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдо смета дека јавноста не ги почитува доволно фудбалерите на Барселона, а во исто време премногу го величи Лионел Меси.

Каталонскиот тим е елиминиран во полуфиналето од Лигата на шампионите од Ливерпул, откако на реваншот на „Енфилд“ не успеа да ја задржи предноста од три гола од првиот натпревар.

„Пред неколку дена слушнав како кога Барселона ќе загуби, тоа е поради Валверде, Кутињо… но не и поради Меси. Кога ќе победат, велат дека тоа е поради Меси. Тоа покажува недостаток на почитување кон сите фудбалери и кон тренерот“, вели Роналдо.

Барселона ја загуби шансата да ги освои сите трофеи сезонава, откако станаа шампион во Ла лига, а ќе игра и финале во националниот куп против Валенсија.

Извор: ekipa.mk