чет. Апр 9th, 2020

Се е трач но има и вистина

Седниците на шпанската Влада преку конференциска врска

Шпанскиот премиер Педро Санчез, почнувајќи од денеска, сите свои состаноци ќе ги оддржува преку видео конференциска врска, откако на министерската Ирена Монтеро и беше потврдено присуството на коронавирус, се наведува во соопштението на владата.

Партнерот на министерката, заменик премиерот Пабло Иглесиас, е ставен во карантин, а сите министри денеска ќе бидат тестирани, пренесоа британските медиуми.

И остатокот од кабинетот ќе биде тестиран и резултатите ќе бидат познати уште попладне, по што и официјално ќе и бидат претставени на јавноста, се наведува во соопштението.

Премиерот Санчез денеска ќе претседава со состанокот на кој ќе учествуваат само министри чие присуство е потребно за да се одобрат новите мерки против ширењето на коронавирусот.

Сите идни состаноци ќе бидат одржани преку видео конференциска врска, се наведува уште во владиното соопштение.

fb-share-icon0