Седум години Критична маса во Скопје

Под мотото „Револуција без институционална револуција“ денеска од плоштад „Македонија“ ќе се одржи 81-та велосипедска Критична маса во Скопје, со која иницијативата „НаТочак“ и поддржувачите одбележуваат седум години од првиот ваков настан.

Овој слоган, како што велат организаторите, е одбран бидејќи ја рефлектира седумгодишната борба за подобри услови за сите кои возат велосипед, кои од ден на ден се побројни на улиците, но за жал и разочараноста од институциите кои не го следат истото темпо во оснос на воведување на промени, подобри закони, подобра инфраструктура и безбедност во сообраќајот. (МИА)