вто. Сеп 29th, 2020

ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Семинар за традиционална музика и игра во Битола

1 мин читање

Во рамки на Републичкиот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“ од денеска до 30 јули во Битола се одржува онлајн семинар за традиционална музика и игра.

Семинарот почна со промоција на Зборник на трудови чии автори се редовни учесници на едукативниот настан посочи д-р Владимир Јаневски, професор на Музичка академија, катедра за етнокореологија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

-Семинарот се одржува 12 години континуирано, а дополнителен квалитет на едукативниот настан е Зборникот на трудови кој се промовира пред почетокот на семинарот. Најголем дел од етнокореолошките теми се работени според биографска метода, а тоа значи истражување и анализа за некој што нешто направил во својот живот, односно на поединци кои оставиле голема трага во нашата културна традиција, истакна Јаневски.

Семинарот за традиционална музика и игра е со меѓународен предзнак. (МИА)