чет. Апр 9th, 2020

Се е трач но има и вистина

Се огласи момчето кое беше нападнато откако го фати крстот во Штип

1 мин читање

Скандалите и немилите настани за време на ритуалното фрлање на осветениот крст во осветените води за Богојавление-Водици во Штип како да стана правило и традиција.

Денес повторно остана темна дамка на централната свеченост за Водици на Камениот мост во Штип. Овој свечен чин ќе остане запаметен по инцидентот кога двајца од 50-темина скокачи останаа да лежат во реката и буквално да се борат за светиот крст.

После неколку минутно натегање крстот го зеде оној кој што не стигна прв до него, а и после укажувањата на владиката Иларион да го предаде, не сакаше да го стори тоа. На крајот сепак преовлада разумот и светиот крст му припадна на Наумче Балевски, кој беше најбрз и кому му беа доделени подготвените подароци.

-Ми го зема од раце крстот. Како што сите тргнавме, јас го фатив крстот и ми вика „пушти го, пушти го“ , со закана, тоа не убаво, изјави Наумче Балевски.

fb-share-icon0