пет. Јун 5th, 2020

Се е трач но има и вистина

Се судрија БМВ и мотроцикл, тешко повреден возачот на мопедот

На 16.05.2020 во 15.00 часот на ул.„Љуботенска“ во н.Голема Речица во Тетово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од З.З.(42) од н.Мала Речица и мотоцикл „ЛОНГИА“, со гостиварски регистарски ознаки, управуван од И.А.(32) од н.Голема Речица.

Во незгодата, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Клиничката болница Тетово, каде бил пренесен за укажување лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Тетово.