чет. Апр 9th, 2020

Се е трач но има и вистина

Словенија ги затвора градинките и училиштата, потврдени 82 случаи на коронавирус

Словенија од понеделник по наредба на Владата ги затвора сите градинки и училишта, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Ова доаѓа по се уште неофицијалните информации дека само во текот на ноќта се потврдени околу 30 нови случаи на коронавирус, со што вкупната бројка заразени лица сега изнесува 82.

Здравствените власти закажаа и прес конференција за неколку часа на која се очекува овие бројки да бидат потврдени.

Премиерот Марјан Шарец на социјалните мрежи напиша дека одлуката за затворање на градинките и училиштата е да се спречи натамошното ширење на вирусот.

„Министерствата за образование и здравство имаат налог да направат се што е потребно да од понеделник се затворат сите образовни институции. Се работи за мерка која е неопходна за вакви ситуации“, напиша Шарец.

fb-share-icon0