вто. Сеп 29th, 2020

ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Сопругата на Новак откри: Ѓоковиќ ни кажа дека се пензионира, бевме во шок и плачевме…

Јелена Ѓоковиќ, сопругата на Новак Ѓоковиќ, откри дека српскиот тенисер привремено го напуштил тенисот. Тоа се случило во 2018 година, веднаш по операцијата на лактот, повреда која долго го измачуваше.

Србинот не можел да го прифати поразот од Беноа Пер во второто коло на Мастерсот во Мајами.

„Ми кажа дека ова е крај, загубил во Мајами и тоа било тежок удар за него. Ги повика сите и ни кажа дека се пензионира. Бев збунета, а потоа Ѓоковиќ му кажа на Едуардо да зборува со спонзорите и да им каже дека нема да игра тенис повеќе. Можеби ќе паузира шест месеци, година, а можеби и засекогаш. Плачевме и бевме во шок. Го прашавме зошто донел таква одлука…“, раскажува сопругата на Новак.

Јелена откри дека потоа заминале на тенис, а тенисерот еден ден ја прашал дали може да му го даде рекетот.

„Потоа заминавме на одмор, сакаше да се изолира од тенисот. Не сакаше ниту да глда натпревари. Јас сакав тенис, ги носев децата да играат со нас, а потоа Новак се појави. Ме виде дека играм против стара машина за тенис. Стефан беше покрај мене… Дојде без патики, маичка, беше само во шорцеви и ме праша дали може да му дадам рекет. Јас му кажав дека тоа не е возможно бидејќи тој се повлече од тенисот. Се шегувавме малку со него, па потоа му дозволивме да заигра и тој полека почна да тренира. Тоа беше годината кога брзаше да се врати на тенисот по операцијата. Тие 10 дена се чувствуваше како да не може да игра повеќе тенис. Немаше добри резултати, а ги сакаше и беше нетрпелив“, кажа Јелена.