Тозиевски: Ова е трагичната судбина на преспанското јаболко, кога половина свет гладува ние сме принудени да фрламе храна, макотрпно и со многу љубов произведена

Ова е трагичната судбина на преспанското јаболко, кога половина свет гладува ние сме принудени да фрламе храна, макотрпно и со многу љубов произведена. Ова е само една од дивите депонии во преспа и се наоѓа на само 500 метри од Преспанското езеро и во подножјето на националниот пар Галичица. Жалосна слика и уште пожалосни производители на јаболко. Иако во предизборието им беше ветено дека ке се одкупи целиот род и ќе се субвенционира, за кои субвенции се сомневаме дека ке се исплатат, еве го епилогот од слатките зборови на власта,или поточно од најдобриот министер за земјоделие во историјата,кој пак за оваа катастрофа беше и унапреден на висока политичка функција, среди се во земјоделството па сега да среди се останато во државата, изјави денеска Јован Тозиевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Ресен кој додаде:

„Локалната власт пак се спрема за туристичката сезона во Преспа веројатно и незнаејќи за ваквите диви депонии со јаболка,незнае и дека деновиве сите реки се преполни со јаболка, нигде ни трага ни глас од никого, како да не се свесни дека вака не се развива ниту туризам ниту земјоделие, а најмалку чиста животна средина. Уште еден милион проекти за заштита на Преспанското езеро после ова нема да не спасат. Драги мои овие слики што деновиве се гледаат низ цела преспа ќе остават далекосежни последици и по природата, а уште повеќе по производството на јаболка, за кое очигледно оваа власт нема интерес.“

-Господине најдобар министер со месеци алармиравме дека следува еколошка катастрофа, а вие господине најдобар предизборно замачкувавте очи дека немало повеке од 30000 илјади тони јаболко и сега кога се потврди дека има многу повеке нема ни трага ни глас ниту од вас ниту пак од заспаната локална власт. Всушност сега не е ни во ваш ресор,сега треба да го повикаме министерството за животна стредина. Жалосно за преспа жалосно за Македонија, жалосно за кутрите производители што се понадеваа, потенцираше Тозиевски.