Тој е херојот на Русија- сите бегаа од запалениот авион, а тој се врати назад за да ги спаси другите

Копилотот на рускиот Сухој Суперџет 100, кој се запали во неделата на аеродромот Шерметјево, при вонредното слетување се покажа како вистински херој.

На снимката кој се појави се гледа како храбриот копилот излегол од авионот во оган, само да се качи на пистата за итни случаи и да се обиде да ги спаси луѓето заробени во авионот.

Името на копилотот е Максим Кузнјецов, а според некои извештаи се обидел да го спаси капетанот Денис Евдокимов, иако таа информација не е потврдена.

Руските весници пренеле дека Кузнјецов спасил еден патник како и важни документи од летот.