Турски Ф-16 влегоа во Грција

Турски борбени авиони Ф-16 влегле во грчкиот воздушен простор без дозвола, соопшти грчкиот Генералштаб.

Тие летале над островот Липси околу 12:30 часот по локално време, на надморска височина од околу 24.000 стапки, јави АНА.

Тие, наводно, биле пресретнати од грчки борбени авиони, според меѓународните стандарди.