пет. Јун 5th, 2020

Се е трач но има и вистина

Флота на дронови би можела да пронаоѓа изгубени планинари

1 мин читање

Дроновите се прилично ефикасни и веќе активно се користат за пронаоѓање и спасување луѓе. Проблем се јавува во деловите каде што има густи шуми, па поради тоа GPS сигналот е блокиран.
Но од MIT (Massachusetts Institute of Technology) во САД имаат решение за овој проблем. Тие се потпираат на технологијата што ја користат самовозечките автомобили, и за потребите на дроновите развиле технологија која ќе ја користи LIDAR техниката на мапирање на шуми без користење на GPS. Секој дрон креира 2D мапа која вклучува ориентација на дрва, така што ќе биде лесно да се добие информација за позицијата на дронот и локацијата на пребарувањето. Кога ќе се спојат 2D мапите, ќе се добие чиста мапа за позицијата на сите дронови, а со тоа и локациите на пребарувањата.
Овие дронови се поефикасни бидејќи подобро ја покриваат зададената површина, а тоа е исклучително важно во спасувачките мисии за навреме да се дојде до бараната локација.
Меѓутоа, постојат и ограничувања во целава ситуација, бидејќи постоечкиот систем сè уште има потреба од екстерна станица на тлото за спојување на мапите, а потребен е и систем за идентификација на објекти за да се овозможи лоцирање на луѓе. Ако целата процедура помине како што е  планирано, ќе се овозможи пронаоѓање на изгубени планинари многу побрзо и без употреба на големи групи на луѓе.