Хамане Нијанг нов претседател на ФИБА

Хамане Нјанг од Мали е избран за претседател на Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА), објавено е денес на веб-страницата на организацијата. Изборите на новиот претседател на ФИБА се одржаа во Пекинг за време на конгресот на организацијата.

– Благодарам на сите национални федерации за нивната доверба. Ветувам дека целосно ќе се посветам на ФИБА и ќе им служам на интересите на нашиот омилен спорт на секаде низ светот, изјави Нијанг.

Тој претходно беше заменик претседател на ФИБА и претседател на ФИБА Африка.

Покрај тоа, Нијанг беше и прв човек на Кошаркарската федерација на Мали и беше министер за спорт на оваа земја.