Хороскопот открива зошто ги сакаме оние кои не можеме да ги имаме

Често се случува да ни се допаднат луѓе кои се во врска, кои се емотивно недостапни или кои едноставно не се за нас. Хороскопот нуди едно од објаснувањата зошто ни се допаѓаат ваквите луѓе.

Овен

Вие сте зависник од акција и недостапните луѓе вам ви се предизвикот и мотивот кој ви е потребен во животот. Тие се ваша мета, а ако ја погодите од правиот агол, вие сте подготвени да помине седум реки и мориња. Ги бркате недостапните луѓе додека не ги добиете, а потоа веќе заборавате на акцијата.

Бик

Вие сакате да го контролирате својот живот, тој така се одвива по мирен тек и се чувствувате сигурно и невознемирено. Но, ако сретнете личност која го прави тоа подобро од вас, која е поорганизирана и поопуштена и смирена, тогаш ја сакате таа личност за себе. Меѓутоа, најчесто таквата личност не сака да го дели тоа што го има и едноставно ја цени својата дистанца од другите луѓе.

Близнаци

Вие имате тенденција да се заљубувате во оние кои ве држат во зоната на пријателството. Вие нема да сакате да покажувате чувства, пред тоа да го направи другата страна, а можеби ним никогаш нема да им падне на ум дека имате било какви чувства. Вие секогаш сте пријателски расположени, забавни и покрај вас тие се чувствуваат опуштено. Но, внимавајте да не влезете или да не стоите предолго во пријателската зона, бидејќи оттаму тешко се излегува.

Рак

Родените во овој знак се заљубуваат во луѓе кои им нудат внимание. Тоа е така бидејќи тие го романтизираат секој гест и го гледаат најдоброто во луѓето. Но, иако очекувате луѓето да го отклучат срцето, тие најчесто го држат под клуч и често се рамнодушни кон вашите чувства, што може многу да ве повреди.

Лав

Вие се заљубувате во „лоши момци и девојки“, кои имаат дрскост и самодоверба и се склони да ризикуваат во животот. Тие ве туркаат на земја, но ним само тоа ги интересира – да ве соборат. Тие не ве сфаќаат сериозно, ниту вас  ниту пак другите луѓе.

Девица

Вашиот перфекционизам ве наведува да се заљубите во луѓе кои воопшто не се совршени, затоа што за вас тоа значи дека тие се материјал на кој мора да работите – да ги поправувате и усовршувате. Но, никој не сака да биде материјал и да биде обликуван согласно на вашите потреби.

Вага

Вие сте осаменик во срцето и во такви луѓе и се заљубувате, мислејќи дека ги разбирате подобро од било кој и дека можете да им понудите чувство дека не се сама. Таквото чувство ви е потребно и на вас самите. Но, најголем дел од самотниците не се многу расположени за врска и тие секогаш ќе посакуваат да се вратат кон својата осаменост, бидејќи тоа е нивното природно живеалиште.

Шкорпија

Ве привлекува тоа што не можете да го имате и што е забрането. Ве привлекуваат погрешни луѓе, само затоа што знаете дека се погрешни, а вие мислите дека ќе ги смените. Тоа за вас е умствена потреба и тоа повеќе отколку емотивна бидејќи се однесува на тоа да освоите некого кој е недостапен, да остварите забранета врска  и да ги помрднете границите.

Стрелец

Секогаш сте подготвени за акција и вам ќе ве привлече некој кој е исто така динамичен или подинамичен од вас. Но, тоа е личност која се појавува во еден момент, а потоа исчезнува во следниот. Тоа се луѓе кои се љубопитни, постојано истражуваат и се на различно место, секој месец. Врската е последното нешто за што тие размислуваат.

Јарец

Ви се допаѓа одреден тип на личност која секогаш ве остава да се прашувате себеси што всушност мисли. Колку повеќе е нестабилна и со измешани сигнали, толку поинтересна е таа личност за вас. Истовремено, ним не им се допаѓа тоа што сте стабилни и рационални и затоа ќе бидат емотивно недостапни и ќе ве игнорираат кога и да посакате да зборувате.

Водолија

Верувате дека љубовта може да промени многу нешта и затоа убаво ви е кога се заљубувате во оние кои не се за вас, надевајќи се дека љубовта ќе ја направи промената. Вие сакате да спасувате и исцелувате и не се грижите премногу ако вашето срце биде скршено. Се додека имате чувство дека можете да влијаете на нечиј живот, вие сте пресреќни.

Риби

Вие секогаш се враќате на бившите, иако сте биле повредени. Никогаш не успевате да го надминете минатото и заборавате на болката, бидејќи романтизирате се што ви се случило. Токму тоа им дава шанса на оние кои ве повредиле, да го направат тоа повторно.