Чавушоглу и Гутереш разговараа за меѓународна истрага на убиството на Кашоги

Министерот за надворешни работи на Турција, Мевљут Чавушоглу разговараше со генералниот секретар на Обединети Нации,  Антонио Гутереш за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул.

Но, според неименуван извор, Чавушоглу  не  поднел формално барање за истрага на ОН, за убиството на Кашоги.

Прашан дали побарал меѓународна истрага, Чавушоглу истакна дека со Гутереш разговарале за сите аспекти на меѓународната истрага.

Случајот Кашоги и натаму не е целосно решен, а во последните неколку дена во медиумите се појави информација дека ЦИА утврдила оти убиството на новинарот било лично нарачано од саудискиот принц Мухамед бин Салман.

МИА